Тренерот на фудбалерите на Астон Вила, Унаи Емери пред денешниот мечот со Манчестер Сити во Премиер-лигата, вели дека предводникот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, е најдобар на светов.
„Натпреварите против Сити се секогаш возбудливи. Без разлика дали победуваме, губиме или е нерешено, главна работа е да одржуваме рамнотежа“ – вели Емери.
„За мене, Пеп е најдобриот тренер во светот. Откако ја анализирав неговата работа во Шпанија и во Англија, дојдов до заклучок дека тој е брилијантен“ – рече главниот тренер на Астон Вила.