Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери го коментираше резултатот од натпреварот од 10. коло од Премиер лигата со Кристал Палас.
Средбата заврши со резултат 2:2, а на крајот судијата откако го погледна видео повторувањето го поништи голот на дефанзивецот на „топџиите“, Сократис .
„Не разбирам зошто судијата го стори тоа. Минатата недела судиите не го искористија ВАР системот, кога требаше да се досуди пенал пред голот на нашиот противник. Но, ние го почитуваме тоа. И пред две седмици беше неопходно да се досуди пенал на мечот со Бурнемаут за фаул над Пепе. Но, дури и таму тие не го проверија тој момент. Поништувањето на голот на Сократос е лоша одлука, ние заслуживме да победиме, одигравме добро откако противникот изедначи. Ние постигнавме гол, но не се броеше нашиот гол“, изјави Емери за „ББС“.