Менаџерот на Арсенал Унаи Емери беше лут и покрај победата од 4:2 над Ворскла во Лигата на Европа синоќа. „Топчиите“ имаа предност од 4:0, но до крајот на средбата дозволија да примат два гола. Токму тоа е она што го налути емери.
„Јас сум разочаран од двата гола што ги примивме, бидејќи покажавме добра игра во 90 минути. На крајот мораше да бидеме подобри. Кога ќе водите со 4:0, мора да продолжите да играте високо и да барате повеќе погодоци наместо да прифаќате вакви грешки. Добро е што почнавме со победа, но се уште има простор за подобрување“, изјавил Емери.