Главната задача пред Арсенал е тимот да го подобри своето претставување на гостувањата. „Топџиите” не успеаја да добијат ниту една од последните шест гостувања во Премиерлигата и тоа е најголемата загриженост на менаџерот на тимот Унаи Емери. Другата загриженост е претставувањето на „топџиите” во дефанзивен план.
„Јас сум првиот критичар на нашата игра. Можеме да завршиме во Топ 4, но знаеме дека нема да биде лесно. Играме добро дома, но мислам дека треба да се играме подобро на гостувањата. Започнавме добро во овој поглед, менувајќи го менталитетот на тимот, за да може да се освојат повеќе поени како гостин. Сега треба да си ја вратиме самодовербата. Знаеме дека во дефанзивен план треба да ги подобриме работите. Се обидовме со двајца или со тројца централни дефанзивци. Се сведува на тоа дека треба да работиме“, изјави Унаи Емери.
Шпанецот откри дека Хендрик Михтарјан може да се врати во игра за Арсенал оваа недела, откако успешно ја санираше повредата која ја имаше од декември.