Тренерот на ПСЖ, Унаи Емери, кој за некој ден го напушта тимот од Париз, е прогласен за најдобар тренер на француската Лига 1. Во изборот ан најдобрите оваа сезона во Франција, титулата за најдобар млад фудбалер му припадна на напаѓачот на ПСЖ, Килиан Мбапе, кој постигна 13 гола и имаше осум асистенции на 28 натпревари за парижани.