Фудбалерите на Астон Вила доцна синоќа загубија на домашен терен од Олимпијакос со 4:2 во првиот меч од полу-финалето во Конференциската лига. Нивниот тренер, Унаи Емери, вели дека противникот е фаворит и во реваншот во Грција.
„ Фрустрирани сме и разочарани, не одигравме добро. Немавме контрола на играта. Тие напаѓаа, играа толку отворено. Нашиот план беше сосема поразличен“ – вели Емери.
„ Честитки, тие заслужија да победат во првиот натпревар. Ќе се обидеме да се вратиме, но, се разбира, тие се сега фаворити. Ќе играме таму и ќе се обидеме да покажеме нешто поразлично“ – вели тренерот на англичаните.

