Фудбалерите на Астон Вила доцна синоќа го совладаа Арсенал со минимални 1-0 во 16 коло во Премиер лигата со што дојдоа до 15-та последователна победа на нивниот стадион – „Вила Парк“.
Менаџерот на тимот од Бирмингем, Унаји Емери, вели дека има пријатно чувство и дека фудбалерите максимално ја користат поддршката од навивачите.
„Добро се боревме посебно во одбраната. Против Сити и Арсенал успеавме да ја зачуваме мрежата што е неверојатно“ – изјави Емери.