Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери остана задоволен од победата со 3:1 над Валенсија во првото полуфинале на Лига Европа, но не смета дека претстои лесен реванш на „Местаља” за една недела.
„Целта ни беше да постигнеме добар резултат во првиот натпревар, знаевме дека ќе биде многу тешко. По примениот гол реагиравме смирено и го искористивме моментот и нивната грешка па дојдовме до гол. Сакавме многу да победиме, но не и да примиме втор гол. Третиот гол на крајот беше многу важен, но шансите остануваат 50/50. Валенсија е многу добар тим. Фудбалерите им се физички одлично подготвени здрави. Продолжуваме да работиме и треба да се подобриме во игра. Не може да не се гордееме со резултатот денес. Сега сепак треба да се подготвиме одговорно за следниот натпревар, бидејќи ќе биде многу тежок”, заврши со коментарот Унаи Емери.