Менаџерот на Арсенал Унаи Емери рече дека на тимот му се потребни нови засилувања. Тој ова го кажа по победата со 3:0 против Блекпул од третото коло на ФА Купот.
„Можеби трансфер пазарот ќе ни помогне да се засилиме со централен дефанзивец, но ситуацијата не е лесна, бидејќи Мавропанос наскоро ќе се врати по повредата. Исто така ни треба и крило, лево или десно. Некој кој може да ни помогне на оваа позиција”, рече Емери.
„Ни требаат играчи со таква посветеност, кои се подготвени да блеснат, кога тимот има потреба од нив. Тие ќе добијат шанса токму во такви средби. Направивме спој на искусни и млади фудбалери. Се покажа как добра комбинација. Видовме дека тие продолжуваат да се развиваат, а уште поважно е што ја видовме нивната страст”, додаде Шпанецот.