Поранешниот менаџер на Арсенал, Унаи Емери, со писмо се прости од играчите и навивачите на клубот, а истото беше објавено на веб-страницата на клубот.
„Ми беше чест да бидам тренер на Арсенал. Им се заблагодарувам на сите навивачи што ми помогнаа да го разберам величеството на овој клуб. Сите вие кои не поддржувате во целиот свет кои доаѓаат на нашиот стадион и кои чекате на дожд и ладно да ве поздравам после натпреварите.Сакам да ви кажам дека работев со страст, посветеност и трудољубливост. Ќе бев многу задоволен ако можевме да постигнеме подобри резултати за нас.
Исто така, би сакал да изразам благодарност до целиот персонал на Арсенал за нивното постапување кон мене. Големината на клубот лежи во секој директор, менаџер, помошник и соработник. Особено, би сакал да се заблагодарам на Иван Газидис, кој ме пречека во клубот, како и на останатите кои ме почитуваа и ми беа големеи пријатели. До последната минута, ме третираа со почит. Секако, им се заблагодарувам и на семејството Кронке за нивната доверба.
Оваа година и пол беше исполнета со емоции, неверојатни моменти иако повеќе беа потешки моменти. Но, во ниту еден од овие денови не престанав да размислувам колку сум среќен што работам во овој клуб и со овие играчи. Секогаш го почитувале дресот кој го носат и ја заслужуваат вашата поддршка. Имам многу искуство во фудбалот, но научив многу во Англија, особено за почитта, професионалноста и чистотата на фудбалот. Мои најдобри желби“, напиша Емери.

