Тренерот на Париз Сен Жермен Унаи Емери го однесе својот тим до титулата во Лига 1 во Франција на 5 кола пред крајот на сезоната.
Синоќа, парижаните ја покажаа својата моќ и го декласираат со 7:1 тимот на Монако кој е на втората позиција и по седми пат станаа шампиони.
„Ние игравме на високо ниво во текот на целата сезона. Ќе ги анализираме нашите севкупни перформанси по финалето на Купот на Франција. Веќе имаме 7 титули, но сѐ уште заостануваме зад Сент Етјен и Олимпик Марсеј. Имаме многу работа да направиме. Ако сме трпеливи, ПСЖ исто така ќе може да ја освои Лигата на шампионите”, рече шпанскиот тренер, кој речиси сигурно ќе биде ослободен од местото во ПСЖ.
Шампионите добија честитки за титулата и од претседателот на Франција Емануел Макрон, кој е познат како навивач на Марсеј.
„Му честитам на ПСЖ за успехот и се надевам дека Марсеј ќе стигне до финалето на Лигата на Европа. Многу сум заинтересиран за полуфиналето“, изјавил претседателот на Франција.