Лацио започна преговори за левиот бек на Челзи, Емерсон, пренесува „Фудбал Италија“. Дефанзивецот минатата сезона ја мина на позајмица во Лион. Таму одигра 29 натпревари и постигна 1 гол и 2 асистенции.
Лондончани дури се обидоа да го вратат во јануари но, Французите одбија. Сега „сините“ се подготвени трајно да се разделат со играчот кој има желба да се врати во татковината.
За Емерсон се заинтересирани и Рома, Палермо и Наполи. Сепак, Лацио е главниот фаворит. Дефанзивецот е проценет на околу 14 милиони евра.