Фудбалскиот состав на Барселона ја одби понудата од Тотенхем за бекот, Емерсон Ројал, открива –„ESPN“. Англискиот клуб понудил 20 милиони евра плус играчот, Серж Орие.
Емерсон пристигна во каталонската престолнина во текот на летово откако беше купен од Бетис за 9 милиони евра. 22-годишниот Бразилец ги помина последните две сезони во Бетис, со тоа што неговите права беа поделени меѓу двата клуба.
Емерсон учествуваше на трите претходни средби во Ла Лига а денеска дебитираше и како стартер на дуелот со Гетафе.