Македонскиот каратист Емил Павлов денеска ќе го има својот прв настап на Европските Игри во Краков, Полска. Тој во рамките на својата категорија ј аочекува првата борба со Милош Сабиецки од Полска во воведниот меч на карате турнирот.
Павлов е дел од Групата А каде го очекуваат уште две пресметки, со Бурак Ујгур од Турција и Стефан Команеску од Романија.