Македонскиот каратист Емил Павлов по втор пат во својата кариера стана европски првак во категоријата до 60 килограми.
Овој пат на Европското првенство кое се одржува ви Нови Сад. Тој успеа во финалната борба да го совлада италијанскиот каратист Анџело Крешченцо со 3:1 на поени, и на тој начин да направи уште еден голем успех за македонското карате.
Во неговата категорија се појавија 33 натпреварувачи,а Павлов на патот до финалето ги совлада Доминик Имрих (Словачка), Јасин Ал Атар (Холандија), Ненад Дуловиќ (Црна Гора) и Калвинс Калинс (Летонија).
Во денешното финале повторно го потврди својот квалитет совладувајќи го својот противник од Италија со што се закити со златниот медал.