Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Емил Павлов по освоеното злато во Салцбург на прием во АМСМ
    Домашен микс

    Емил Павлов по освоеното злато во Салцбург на прием во АМСМ

    risteBy riste02/03/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот каратист Емил Павлов освои златен медал на натпреварот од карате 1 премиер лигата во Салцбург, Австрија.

    По тој повод Агенцијата за млади и спорт организираше прием, на кој освен Павлов, присуствуваше неговиот тренер и селектор на репрезентацијата Сашко Арсовски, како и претседателот на карате федерацијата Горан Милковски.

    Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски нагласи дека Агенцијата стои на располагање за сите потреби на Емил Павлов, и ќе ги овозможи сите потребни услови за одржување и подигање на формата за наредните настапи во Баку и ЕП во Париз, од каде се очекува обезбедување на норма за настап на ОИ во Токио.

    „Емил е пример како еден спортист треба да се однесува, и за нас е еден од најуспешните спортисти во државава“, истакна Каевски.

    Пет победи во пет борби, од кои во борбата за злато Емил Павлов направи пресврт во последните секунди и успеа да го добие натпреварот со кој стигна до златен медал.

    Во момемтов Павлов е седми на Европската ранг листа, и за да обезбеди пласман на ОИ ќе мора да се избори најмалку за бронзен медал на претстојното ЕП, кое од 8-10 мај ќе се одржи во Париз.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Австрија подобра од нашите одбојкарки во Сребрената лига

    27/05/2023

    Одбојкарите поразени од Украина на стартот на Европската Златна лига

    27/05/2023

    Кугларите со победа завршија со настапи на Светското првенство во Вараждин

    25/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Маурисио Покетино потпиша договор со Челзи
    • Алегри го објави датумот на кој ќе се решава неговата иднина
    • Челзи е подготвен да го сруши трансфер рекордот на Реал за да го купи Винисиус
    • Романо: „Лионел Меси заминува од ПСЖ, донесена е одлука“
    • Алварез може да го напушти Манчестер Сити поради Халанд
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.