Македонската карате репрезентација се врати со 10 освоени медали од Балканското првенство во Тирана, Албанија. Нашите каратисти освоија еден златен, 5 сребрени и 4 бронзени медали. Златниот медал е во конкуренција на ветерани и го освои Христаки Давитковски. Сениорите освоија 9 одличја – 5 сребрени и 4 бронзени.
Сребрени медали освоија Емил Павлов, Берат Јакупи, Викторија Јовановска, машкиот кумите тим и машкиот ката тим, додека со бронзи се закитија Петар Заборски, Фахик Весели, Вероника Костовска и женскиот кумите тимот.
По враќањето од првенството, светскиот вицешампион Емил Павлов во изјава за Спортското радио 90.3 фм вели дека е задоволен од постигнувањата, иако можеше да дојде и до златото.
„Генерално сум задоволен, иако можеби бев малку оштетен од судиите во финалето во кое можев и до златото. Но сега најважна е формата пред Светското првенство во октомври. Останува уште еден подготвителен турнир на Кипар следната недела, и потоа финална подготовка за Светското првенство во Будимпешта. Мојот сон е да станам светски шампион и ќе сторам се што е до мене да го реализирам“, изјави Павлов.
Останатиот дел од разговорот проследете го низ програмата на Спортското радио 90.3 фм.