Во завршниот ден од преодниот рок, Емилијано Мартинез е пред трансфер во Манчестер Јунајтед.
Аргентинскиот голман ѝ кажал на Астон Вила за својата желба да замине на „Олд Трафорд“, па се очекува денеска истиот да биде комплетиран. Претходно стана познато дека Манчестер Јунајтед ги договорил условите на договорот со голманот и упатил барање за трансфер до Астон Вила,.
Останува во текот на денешниот ден да се завршат сите формалности за реализација на трансферот на искусниот голман.

