Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Емре Чан, озјави дека бил излажан од неговиот клуб, откако не бил ставен на списокот на играчи за Лигата на шампионите, заедно со Марио Манџукиќ и повредениот Џорџо Киелини.
Се шпекулираше дека поранешниот играч на Ливерпул ќе го напушти Торино, откако новиот тренер Маурисио Сари изјавуваше дека нема да смета на Чан, но тој не го стори тоа.
„Јас сум шокиран! Не добив објаснување за тоа што се случи. „Разочаран сум и лут“, рече Чан за „Билд“. „Ќе ги направам потребните чекори и ќе разговарам со клубот откако ќе се вратам од натпреварите на националниот тим. Минатата недела ми ветија нешто. ПСЖ ме сакаше, но решив да останам. Условот беше да играм во Лигата на шампионите, а сега не сум на спиокот на пријавени фудбалери“, додаде разочараниот играч од средниот ред.
Минатата сезона тој одигра 37 натпревари во дресот на „Старата дама“, постигнувајќи четири гола во нив. На стартот на сезоната одигра 30 минути во драматична победа од 4:3 над Наполи.