Емре Чан може да се врати во клубот каде што ја започна кариерата – Баерн Минхен. Играчот од средниот ред на Јувентус нема да добива голема шанса да игра за Јувентус оваа сезона, бидејќи „Бјанконерите“ имаат неколку играчи пред него во изборот за првиот тим.
Италијанскиот шампион не успеа да ги продаде Сами Кедира и Блес Матуиди, а Германецот импресионираше за време на подготовките и Сари ќе смета на него.
Баерн и Париз Сен Жермен го побараа Чан, а Маурисио Сари е подготвен да се раздели со него. 25-годишниот играч се дојде на стадионот „Алијанц“ минатото лето како слободен играч од Ливерпул. Во својата прва сезона во Торино, тој одигра на 37 натпревари и постигна четири гола.
Сега, сепак, Јуве има премногу играчи во центарот на теренот и едвај чека да се раздели со некои од нив. Покрај Кедира и Матуиди, во составот се и новодојдените Арон Рамзи и Адриен Рабио, како и Пјаниќ и Бентанкур.