Челзи засилено работи на трансферот на Енцо Фернандез од Бенфика. Ккао што соопшти новинарот Фабрицио Романо, лондонскиот клуб сега е во директни преговори со Бенфика за ангажирање на 21-годишниот играч од средниот ред.
Наместо да плати ослободителна клаузула, Челзи е подготвен да понуди „огромна сума“ за играчот, но Бенфика, како и досега, продолжува да инсистира целосно да се плати клаузулата од 120 милиони евра.
Фернандез веќе се согласи за преселба во Челзи.
Ливерпул и Манчестер Јунајтед се уште немаат дадено понуда за Енцо иако се зборуваше дека се заинтересирани за Аргентинецот.