Еден од фаворитите за нов менаџер на Арсенал Луис Енрике ќе побара од раководството на клубот 200 милиони фунти за купување на играчи во летниот преоден рок, ако дојде до тоа тој да го замени Арсен Венгер на чело на тимот, пишува „Сан”.
Имено, стручњакот изгледа како најголем фаворит за оваа функција, но проблемот е тоа што шефовите на „топџиите” сакаат да го натераат на многу поскромна селекција во летниот преоден рок и да не потрошат повеќе од 50 милиони фунти, а останатите средства да дојдат од продажба на играчи. Ако екс-тренерот на Барса го преземе тимот, тогаш тој е подготвен да направи големи промени во составот и да земе вистинските фудбалери според него. Сепак се смета дека на Енрике им се допаѓа напаѓачката двојка Лаказет и Обамејанг и во сите варијанти и двајцата ќе останат во тимот при евентуално негово доаѓање на „Емирати”.
Се смета дека Шпанецот ќе сака по секоја цена газдите на Арсенал да го купат Раџа Наинголан од Рома.