Шпанскиот фудбалски стратег Луис Енрике побарал сума од 8 милиони евра годишно за да седне на клупата на Наполи.
Ова се барањата кои екс-шпанскиот селектор му ги поставил на првиот човек на италијанскиот првак, земајќи го предвид и системот за плаќање на даноци. Претседателот на наполитанците Аурелио Де Лаурентис е подготвен да направи сериозни трошоци и да направи исклучок за Енрике, но одлуката ќе ја донесе по консултациите со своите најблиски соработници.
Исто така, шефот на Наполи ги разгледува кандидатурите на Винченцо Италијано (Фиорентина), Серхио Консеисао (Порто) и Тиаго Мота (Болоња), за кои исто така се зборува дека се блиску до клупата на шампионите.

