Младата португалска ѕвезда Жоао Феликс ова лето најверојатно ќе се пресели во ПСЖ. Атлетико (М) сака да се ослободи од Португалецот, а и Феликс сака да го напушти клубот, но кочницата за неговото заминување е преголемото обештетување кое го наметнува самиот факт што Атлетико и плати на Бенфика за него 126 милиони евра.
Шпанска „Марка“ пишува дека и покрај сето тоа Пари Сен Жермен го сака Португалецот, нема намера да фрла огромни суми за негов трансфер. Атлетико сака да заработи најмалку 100 милиони евра, но сумата засега е преголема и за францускиот шампион. Французите бараат идеално решение и за двете страни, па прашање е дали Феликс би можел најпрво да оди на позајмица во Париз една сезона, па потоа да се стави откупна клаузула со далеку пониска цена од постоечката.