Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике ги кажа своите размислувања по првиот натпревар од 1/4 финалето на Лигата на шампионите со Барселона (2:3).
„Резултатот од натпреварот? Не е добро ако резултатот не е онаков каков што сакате. Иако одигравме добар натпревар против многу добар противник, генерално играта беше тешка за нас. Натпреварот го свртевме во вториот дел, но тие го постигнаа третиот гол, кој денеска го реши исходот на мечот, но на крајот не реши ништо.
Очигледно реваншот ќе биде решен со ситни детали. Тој ќе биде финалниот во оваа пресметка. Ќе одиме во Барселона и ќе се бориме до крај, бидете сигурни во нашиот тим“, изјави Енрике за весникот „АС“.
Да потсетиме, реваншот помеѓу Барселона и ПСЖ ќе се одржи во Барселона следниот вторник на 16 април на стадионот „Олимпик Луис Компани“.

