Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Луис Енрике, објасни што му треба на Килијан Мбапе за да ја освои наградата – „Златна топка“.
„Покрај неговите одлични индивидуални настапи, мора да освојува трофеи на клупско и национално ниво. Сигурен сум дека ќе освои многу Златни топки“ – изјави Енрике.
Мбапе во годинешново рангирање на Франс Фудбал го освои третото место. Наградата заврши по рекорден осми пат во рацете на Лео Меси.