Селекторот на фудбалерите на Шпанија, Луис Енрике, не крие дека е крајно оптимистички расположен пред денешното финале во Лигата на нации против Франција кое ќе биде одиграно во вечерниот термин на „Сан Сиро“ во Милано.
„Франција има одлични играчи кои доаѓаат од најдобрите клубови. Имат одличен напад кој може да постигне многу голови“ – вели Енрике.
„Игравме и победивме против европскиот шампион, можеме да одиграме добро и против светските шампиони“ – вели селекторот на „црвената фурија“ која извесен период нема освоено трофеј.