Шпанија и Шведска вчера во Севилја одиграа без голови во рамките на 1 коло во групата „Е“ на Европското фудбалско првенство. Селекторот на „црвената фурија“, Луис Енрике, по дуелот почувствува потреба да им се извини на навивачите.
„Ремито остави горчливи чувства и затоа им се извинувам на навивачите. Требаше да победиме. Се обидуваме да создадеме шанси, но, реализацијата не беше на ниво“ –изјавил Енерике за официјалната веб-страница на УЕФА.
Шпанија во второто колo ќе игра против Полска на 19 јуни додека „викинзите“ ден претходно ќе излезат на мегдан со Словачка. На табелата, Словаците се први со 3 бода, Шпанија и Шведска имаат по 1 а Полска е без бод.

