Селекторот на фудбалерите на Шпанија, Луис Енрике, има пофални зборови за Швајцарија в пресрет на денешното 1 / 4 финале на Европското првенство. Двата тима ќе се соочат од 18:00 часот во Санкт Петербург.
„Реалноста е дека Швајцарците дојдоа до тука. Ние многу добро ги познаваме од натпреварите во Лигата на нации. Тие се стабилни во одбраната и знаат да притискаат и напаѓаат. Ќе ни биде многу тешко, но, досега на ЕУРО не видов посилен тим од нашиот “ – прокоментира Енрике.
„Имаме една од најстабилните одбрани. Физички сме добри, сè уште не сум одлучил дали ќе направам промени во почетниот состав. Во принцип, им верувам на сите мои играчи“ – вели Луис Енрике.

