Шпанија вчера загуби од Јапонија на Мундијалот во Катар и го освои второто место во групата.
Иако пласманот во елиминациите е обезбеден, селекторот на „Фуријата“, Луис Енрике, не крие дека е разочаран од случувањата на дуелот со „самураите“.
„За пет минути загубивме контрола на секој дел од теренот. Испаничивме и примивме два гола. Се пласиравме во осминафиналето на Светското првенство, нема друга причина за славење“ – вели Енрике.