И покрај сите пишувања на шпанските и француските медиуми дека Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе го напушти Пари Сен Жермен, тренерот на парижани вчера повторно отвори дилема околу заминувањето на Мбапе.
Луис Енрике тврди дека пишувањата не се потврдени и открива дека има нешто што може да го натера Мбапе да остане во Париз.
„Се надевам дека Килијан ќе се предомисли. Да замислиме дека ќе ги освоиме сите четири титули оваа сезона, а тој во последен момент одлучи да остане. Париз е неговиот дом? Зошто да не? Ќе видиме“, рече Енрике.

