Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, ги предупреди своите играчи дека мора да вложат двојно повеќе труд во реваншот против Арсенал ако сакаат да играат во финалето на Лигата на шампионите.
Синоќа Парижаните победија со 1:0 над Лондончани и имаат предност пред реваншот во Париз. Сепак, според Енрике, ништо во оваа полуфинална пресметка не е одлучено, и покрај успехот на „Емирати“.
„Мисијата за вечерва е исполнета. Сега нашата единствена цел е да победиме во реваншот. Сепак, не можеме да се опуштиме против Арсенал. Ова е тим кој може да ја напише историјата за секунда. Ништо не е одлучено сè уште, бидејќи немаат што да изгубат во реваншот“, рече Енрике.

