Шпанија ја продолжи импресивната серија и сеуште нема пораз на домашен терен во светските квалификации. Сепак, ремито против Грција (1:1) не му се допадна на селекторот Луис Енрике.
И покрај одличниот старт и водството по првото полувреме, обезбедено со голот на Алваро Мората, Шпанците ја испуштија победата.
„Јас сигурно не сум задоволен од резултатот. Игравме со добар ритам и го притиснавме противникот, но не создадовме доволно ситуации за да ни донесеме поудобно водство. Нема да биде поразлично против Грузија. Грузијците ќе го користат истото оружје против нас. Сепак, нема да се откажеме да играме офанзивно и со мисла да постигнеме голови“, изјави Луис Енрике.
„На крајот, денешниот резултат не менува ништо. Тоа нема да влијае на тоа како ќе изгледаме на следните натпревари”, додаде Енрике.
Шпанците последен пат загубија натпревар од светски квалификации во 1993 година. Од тој меч до сега имаат 50 победи и 14 нерешени натпревари.

