Италијанскиот фудбалски состав Интер ги договорил личните услови со играчот на Олимпик Марсеј, Луис Енрике откако Бразилецот се согласил да потпише 5-годишен договор со „нероаѕурите“.
Тој има 32 меча во сезонава со ефект од 9 голови и 8 асистенции. Тимот од Серија „А“ им понудил на французите 24 милиони евра со дополнителни 4 како бонуси.
23-годишниот фудбалер кој дејствува по страничните позиции, треба да се пресели на „Чизмата“ во јунскиот трансфер период.

