Бранителот на пехарот во Лигата на фудбалските шампиони, ПСЖ, доцна вечер ќе гостува кај Ливерпул во реваншот од четвртфиналната фаза.
Тренерот на французите, Луис Енрике, изјави дека ништо не е готово иако неговиот тим на првата средба на „Паркот на принцовите“ забележа победа со 2-0.
„Во фудбалот работите се менуваат многу брзо, ништо не е решено. Мора да бидеме фокусирани. Знаеме колку е тешко да се игра на Енфилд“ – потенцираше тренерот на „светците“.

