Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изјави дека неговата екипа ќе бара севкупен успех како домаќин во полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите со Борусија Дортмунд. Првиот натпревар заврши со успех од 1:0 во корист на Германците.
„Знаеме каков натпревар не очекува, а резултатот зависи и од однесувањето на противникот. Целта не е да се победи со два гола разлика, туку едноставно да се победи. Способни сме да постигнеме два гола за три минути, но можно е и да настрадаме од таа желба. Затоа мора да бидеме сконцентрирани не само во нападот туку и во одбраната. Нема да биде важно ако примиме гол, бидејќи ако постигнеме два брзи гола, противникот ќе мора да реагира“, започна Луис Енрике на прес-конференцијата пред натпреварот.
Шпанскиот стручњак прокоментира и за ѕвездата на тимот, Килијан Мбапе:
„Треба да помогне во одбраната. Имаме една заедничка цел и затоа се обидуваме да ја извлечеме топката од бековските позиции за да може на најдобар начин да стигне до напаѓачите. Ние сме еден тим и секој играч е дел пд него “ додаде Енрике.