Фудбалерите на Пари Сен Жермен доцна синоќа славеа на гостувањето кај Лион со 3:2 во дербито на францускиот шампионат а нивниот тренер, Луис Енрике, не крие дека е задоволен од прикажаното.
„Имаме намера на навивачите да им подариме победи и титули и тоа да го направиме со стил. Можевме подобро да ги контролираме емоциите“ – вели Енрике.
„Покажавме дека сме подготвени за вакви ситуации и дека играме секаков фудбал против било која екипа“ – рече тренерот на „светците“.

