Фудбалерите на Шпанија доцна синоќа ја совладаа Шведска со минимални 1:0 и си обезбедија место на Светското првенство во Катар. Селекторот на „фуријата“, Луис Енрике, по значајната победа, изјави, дека се чувствува убаво.
„Се мачевме, но, тоа беше очекувано бидејќи Шведска има многу сериозен тим. Добро се бранат, не оставаат слободен простор. Ние ја заслуживме победата и горд сум на сите играчи“ – вели Енрике.
„Во последните неколку натпревари чувствував поголема тензија отколку на Европското и во Лигата на нации. Како планина да ми падна од рамениците“ – искоментира Енрике.