Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ентони, нема да го пропушти само финалето на ФА Купот против Манчестер Сити туку и претсезонската турнеја во САД.
Бразилецот доби повреда на скочниот зглоб на синоќешниот натпревар со Челзи. Тој веднаш беше изнесен на носилки.
„Црвените ѓаволи“ стравуваат дека ја обновил повредата што ја заработи додека беше играч на Ајакс. Тренерот, Ерик тен Хаг, призна дека повредата на Антони е сериозна. Фудбалерот допрва треба да биде подложен на детален лекарски преглед.