Бразилецот од екипата на Манчестер Јунајтед, Ентони ги договорил условите од личниот договор со Бетис. Оваа недела Манчестер Јунајтед ќе ја одржи последната рунда преговори со шпанскиот клуб околу трансферот на 24-годишниот крилен напаѓач на позајмица до крајот на сезоната. Треба само страните да се договорат за последните детали.
Претходно се дозна дека Манчестер Јунајтед ќе покрие дел од платата на Ентони за време на неговата позајмица во Бетис. Во актуелната премиерлигашка сезона Бразилецот одигра 8 натпревари, без постигнат гол.

