Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, го повика играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Емре Џан, да го замени Александар Павловиќ од Баерн Минхен, кој ќе го пропушти Европското првенство.
Германската фудбалска федерација во средата соопшти дека Павловиќ не можеше да му се приклучи на тимот поради повреда, па на негово место е повикан Џан.
„Тој веднаш го изрази својот ентузијазам и подготвеност да се приклучи на тимот. Сакавме уште еден играч во тимот кој одигра многу натпревари и кој знае како да се справи со притисокот. Тој може да го исполни профилот што ни треба“, рече Нагелсман за Кан.