Интересен податок е забележан на тековното Евро 2020. Невообичаено многу автоголови се постигнати на ова Европско првенство. На претходните 15 Европски шампионати, вкупниот број на вакви погодоци беше девет. Сепак, од почетокот на тековното натпреварувањето, постигнати се дури осум автоголови.
Исто така, за прв пат во историјата на ЕП, првиот гол на шампионатот беше автогол, а го постигна Мерих Демирал од Турција. На два од натпреварите имаше дури два автогола на играчи на една екипа.
Станува збор за Португалија во поразот од Германија со 2:4 и Словачка во поразот од Шпанија со 0:5. Ова исто така не се случило на претходните изданија на Континенталниот собир. До крајот на Евро 2020, остануваат уште 15 натпревари на кои бројот на автоголови може да се зголеми.
Сите досега автоголови на Евро 2020:
Мерих Демирал (Турција – Италија)
Војчех Шчесни (Полска – Словачка)
Матс Хумелс (Германија – Франција)
Рубен Дијаз и Рафаел Гереиро (Португалија – Германија)
Лукаш Храдецки (Финска – Белгија)
Мартин Дубравка и Јурај Кучка (Словачка – Шпанија)