Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Епска пресметка: 34 пенали го решија победникот на мечот Ајакс – ПАО
    Фудбал

    Епска пресметка: 34 пенали го решија победникот на мечот Ајакс – ПАО

    sasoBy saso16/08/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Холандскиот фудбалски гигант Ајакс се квалификуваше во плеј-офот колото од Лигата на Европа, откако успеа да слави во епскиот пенал-рулет против грчки Панатинаикос во кои беа изведени неверојатни 34 пенали. Ајакс во регуларниот дел загуби со 1:0, а откако и во продолженијата не успеа да се реши победникот, мечот отиде на пенали, по што Ајакс победи со неверојатни 13:12.

    Вистинскиот спектакл започна со промашување на Даниел Манчини за Панатинаикос, по што следуваа девет последователни успешни удари за двете екипи, па така се дојде до решавачкиот десетти пенал, со кој Брајан Броби можеше да го испрати Ајакс во баражот, но тој не успеа да постигне гол.

    Така, двата тима продолжија од серија во серија со четири последователни промашувања. Откако никако не успеаваа да го решат победникот, следуваше нова серија од 14 успешно изведени пенали во низа, до промашувањето на Филип Младеновиќ од ПАО, па потоа и уште едно промашување на Броби. Тони Вилена промаши втор пенал во низа за Грците, а со 34. изведување од белата точка, Антон Гаје го испрати Ајакс во плеј-офот на Лига Европа.

    Ова беше второто најдолго изведување пенали во историјата на европските натпреварувања, а првото место и натаму го држи пенал-рулетот меѓу Гзира Јунајтед и Гленторан од минатото лето во кое на крајот конечниот резултат беше 14:13.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.