Андер Ерера ќе се врати во шпанскиот фудбал. Играчот од средниот ред на ПСЖ постигна договор со Атлетик Билбао за враќање во Шпанија.
Ерера ќе пристигне како слободен играч и ќе потпише договор на две сезони.
Ерера имаше одиграно вкупно 128 натпревари за Билбао од 2011 до 2014 година, по што ја започна својата интернационална кариера. Ернесто Валверде имаше голема желба да го врати 33-годишниот играч, па на негово инсистирање, Ерера се врати во Баскија.