Германскиот тим Ајнтрахт Франкфурт кој обезбеди пласман во Лига Европа и оваа сезона е на чекор до привлекувањето на Ерик Дурм, кој беше дел од шампионската селекција на Бундестимот на Мундијалот 2014.
27-годишниот фудбалер пристигнува како слободен агент откако ја напушти Премиер Лигата односно екипата на Хадерсфилд. Според информациите на „Билд” денеска Дурм треба да ги помине лекасрките прегледите во клубот од Франкфурт.
Тој игра на крило – и како дефанзивец , но и како офамнзивец. Дурм стана познат за пошироката јавност како фудбалер на Борусија (Дортмунд), како дел од составот на Јирген Клоп. Сега тој имаше понуда и од Шалке 04м но се определи за Ајнтрахт Франкфурт.