Дефанзивецот на Барселона, Ерик Гарсија беше заменет на полувремето од 25. коло на шпанската Ла Лига со Валенсија (4:1). Фудбалерот ќе мора да направи фитнес тестови пред реванш натпреварот од 1/16 финалето од Лигата на Европа со Наполи, објави „Фудбал Еспања“.
21-годишниот Гарсија потекнува од школата на Барселона, но во периодот од 2017 до 2021 година, шпанскиот фудбалер играше како дел од англискиот Манчестер Сити, откако одигра 35 натпревари за тимот и имаше една асистенција,
Гарсија минатото лето се врати во каталонскиот клуб со слободен трансфер, потпишувајќи договор до 2026 година. Гарсија нема постигнато гол на 23 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.