Играчот од средниот ред на Севиља, Ерик Ламела има постигнато најмалку десет гола во првенствата на Англија, Италија и Шпанија. Тој стана првиот аргентински играч во историјата кој го сторил тоа, објави веб страната за статистика „OptaJose“.
На натпреварот од 36. коло во Ла Лига помеѓу Севиља и Елче, кој се одигра вчера, Ерик Ламела го постигна првиот и единствен гол на тимот на Хозе Мендилибар. Средбата заврши нерешено со резултат 1:1.
За Ламела овој гол беше десетти во две сезони во домашниот шпански шампионат и му овозможи да постави нов рекорд меѓу аргентинските фудбалери кои настапувале и играат во Европа.
31-годишниот играч за врска оваа сезона во Примера постигна пет гола на 30 натпревари. Ламела постигна 17 гола за Тотенхем, а 19 за Рома.