ЕСПН објави дека Холанѓанецот Ерик Тен Хег, кој моментално е на чело на Ајакс, ќе седне на клупата на Манчестер Јунајтед од следната сезона.
Тен Хег и поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино се појавија како фаворити за оваа позиција, меѓутоа, Тен Хег очигледно ја имаше довербата на првите луѓе на клубот.
Според новинарите на ЕСПН работата е договорена, а се чека само официјализација.