Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг прави долгорочни планови за континуиран развој на тимот во следните преодни рокови и тоа ќе вклучува низа одлуки кои ќе предизвикаат дискусии, информира весникот „Гардијан“.
Веќе е речиси сигурно дека, ако не во зима, тогаш наредното лето на „Олд Трафорд“ ќе се разделат со Кристијано Роналдо. Сепак, ова нема да биде единствениот значаен потег, пишува весникот.
„Гардијан“ тврди дека Тен Хаг веќе одлучил да направи се за да се раздели со капитенот Хари Мегваер и Фред. Капитенот на „црвените ѓаволи“ го импресионираше менаџерот со својата работна етика, но сепак не е убеден дека неговите квалитети се доволни за успешно да се вклопи во неговиот тим.
Слична веројатно ќе биде судбината и на Фред, на кого исто така му истекува договорот следното лето и најверојатно едноставно нема да добие понуда за негово продолжување, иако беше вклучен во составот на Бразил за Светското првенство во Катар.