Тренерот на Ајакс од Амстердам Ерик тен Хаг се надева дека неговите фудбалери ќе го искористат отсуството на капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос и ќе успеат да победат на „Сантијаго Бернабеу” на реванш средбата од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Рамос доби жолт картон кон крајот на првиот дуел кој Реал го доби со 2:1 и поради акумулирани картони ќе го пропушти денешниот меч. Казната на Серхио Рамос е сега два натпревари откако УЕФА одлучи дека тој намерно го направил жолтиот картон против Ајакс. Начо Фернандез најверојатно ќе го замени Рамос во одбраната на Реал.
„Ова е огромен удар за Реал Мадрид. Лука Модриќ и Тони Крос се нивните главни играчи во средината на теренот, но Рамос е главен во нивната одбрана и неговото отсуство од физичка и психичка гледна точка ќе се одрази на нивниот тим”, рече Тен Хаг на пресконференцијата пред натпреварот.